Достапни линкови

Ситуацијата во Грузија е под контрола по откриениот заговор за воен удар


Грузискиот претседател Михаел Саакашвили изјави дека ситуацијата во земјата е под контрола, откако претходно грузиските власти соопштија дека бил откриен заговор за воен удар во воената база Мукхровани. Саакашвили соопшти дека ситуацијата со побуната била ,,сериозна“, но оти станува збор за изолиран инцидент. Тој исто така го повика грузискиот ,,северен сосед“ да се воздржи од провокации. Грузија за инцидентот ја обвини Русија, која се противи на вежбите на НАТО што утре треба да започнат во околината на Тбилиси. Рускиот амбасадор во НАТО Дмитриј Рогозин ги отфрли обвинувањата.
XS
SM
MD
LG