Достапни линкови

Лавров нема да присуствува на состанокот НАТО-Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да учествува на состанокот НАТО-Русија, што треба да се оддржи на 19-ти мај, јавува агенцијата Итертас, пренесувајќи изјава од рускиот амбасадор во НАТО Дмитриј Рогозин. Чекорот од руска страна е предизвикан откако неодамна Алијансата одлучи да протера двајца руски дипломати поради скандалот со естонската шпионска афера. Состанокот беше прва средба на високо ниво меѓу двете страни по руско-грузискиот конфликт минатата година.
XS
SM
MD
LG