Достапни линкови

Спречен заговор за воен удар во Грузија


Министерот за одбрана на Грузија Давид Шикарулидзе изјави дека бил откриен заговор за воен удар во воената база Мукхровани во близина на главниот град Тбилиси. Засега не е јасно дали обидот бил во тек или е спречен пред да почне. Според Шикуралидзе, нападот бил временски определен да се совпадне со утрешниот почеток на воените вежби на НАТО на кои им се противи Русија. Портпаролот на министерството за одбрана Шота Утиашвили изјави дека едно лице било уапсено и ја обвини Русија за вмешаност.
XS
SM
MD
LG