Достапни линкови

Гломазна и партизирана јавна администрација


Зградата на Владата на Република Македонија

Зградата на Владата на Република Македонија

Според експертите одлуката за замрзнување на вработувањата во јавната администрација нема да има никаков ефект. Тие препорачуваат систематски реформи што ќе ја подготват администрацијата да одговори на европските стандарди

Поради постојаните критики на ЕУ на сметка на квалитетот на јавната администрација потребни се реформи во повеке полиња, но пред се да се спречи политизирањето и да се зајакне квалитетот на вработените, посочуваат правните експерти. Според нив мерката за замрзнување на вработувањата која произлезе од последните случувања повзрани со светската економска криза нема да имаат никаков ефект

„Оваа забрана во јавниот сектор мислам дека нема многу да се одрази, бидејќи и така во јавниот сектор треба да има отстранување од суштинските активности.“

Професорот по управно право Борче Давитоковски вели дека состојбата во јавната адмиснитрција која е константна со години, тешко ќе се промени без да се направат систематски, долготрајни и испланирани реформи во неколку правци како на пример преку
Ако една власт има политичка волја треба да биде спремна да плати политички поени, за таа политичка волја. Промена, по дефиниција значи проблеми, така што ќе се соочи со проблеми ако направи промени
воведување на систем на кариера каде потешко актуелната власт би влијаела на изборот на кадар. Но и последниот буџет покажува дека големи сретства се наменети за вработени по пат на договор на дело. Тоа во голем дел се партиски вработувања вели Ризвна Сулјмани

„Тоа го направија пред изборите и кога се создаваат влади.“

Сулејмани најголема забелешка има на влијанието и притисоците од другите нивоа на власт врз администрацијата. За суштински реформи според него потребна е политичка волја

„Ако една власт има политичка волја треба да биде спремна да плати политички поени, за таа политичка волја. Промена, по дефиниција значи проблеми, така што ќе се соочи со проблеми ако направи промени.“

Професорот Давоткосвки вели дека реформи речиси и не се спроведуваат поарди што многу работи не се поставени на место. Таму каде што има превработеност треба да се одделат вработените кои не ја вршат дејноста и да останат само носителите на дејност, додека во класичната државна админситрација потребо е да се предвиди зголмување но и соодветни обуки преку кои вработените ќе може да
Може да имаат сто во едно министерство, ако ниту еден од нив не вреди, тоа министерство не може да одговори на европските стандарди. Тука е главниот проблем.
одговорат на нашите евро атлански аспирации

„Може да имаат сто во едно министерство, ако ниту еден од нив не вреди, тоа министерство не може да одговори на европските стандарди. Тука е главниот проблем. Ќе се презасити администрацијата, и самиот министер ќе мора да преземе радикални мерки во смисла да ги отстрани тие што му причинуваат штета во ресорот, а нема никаков бенефит.“

Непартизирањето на јавната администрација е еден од осумте критериуму што Европскаат комисија минатта година и ги достави на владата за побрза евринтеграција. Се проценува дека 30 проценти од вработените во адмнситрцијата претставуваат вишок.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG