Достапни линкови

Бизнисот нема пари за нови проекти


Скопје
Скопје

Стопанствениците велат дека уште потешко се доаѓа до финансии за нови проекти во македонските банки. Експертите коментираат дека зголемувањето на каматите е контрапродуктивно и резултира со стагнација на стопанството

Односот меѓу Владата и Народната банка врши истиснување на приватниот сектор, се согласуваат упатените и стопанствениците. Одлуката на Владата за организирање на аукција на државните записи предизвика реакција кај централната банка. НБРМ ги зголеми каматните стапки на благајничките записи, а неодамна Гувернерот изјави дека не може да се очекува поефтинување на кредитите.
Генерално, банките се поригидни сега, попретпазливи, и така нашите банки не беа либерални, но сега режимот им е уште поостар. Така што, предусловите за да добиеш кредит сега се многу тешки


Сето ова ги загрижува стопанствениците кој велат дека многу потешко се обезбедуваат пари за нови проекти. Директорот на „Макстил“ Александар Панов вели дека компанијата работи со сретства од претходни аранжмани со комерцијалните банки.

„Макстил е систем која не е само домашна компанија, па дел од финансирањето и кредитирањето го врши од надвор. Но, пред да настанат овие мерки, имавме склучено договор со Стопанска Банка.“

Панов напоменува дека евентуални нови инвестиции се паузитраат поради тоа што парите се скапи а банките се построги:

„Генерално, банките се поригидни сега, попретпазливи, и така нашите банки не беа либерални, но сега режимот им е уште поостар. Така што, предусловите за да добиеш кредит сега се многу тешки.“

За економистите, отежнатиот пристап до капитал веќе доведува до замрзнување на стопанството во земјава. Професорот Марија Зарезанкова Потевска вели дека за разлика од европските и американските компании, македонските фирми не ја уживаат поволноста од стимулации во форма на поефтини кредити

„Јас разбирам дека треба да се прават рестрикции на лоши кредити, ризици итн, но во услови на стагнација на стопанството со години,
Автоматски тешко се добиваат кредити, се зголемува цената на производството. Со такви неконкурентни производи не знам каде Македонија ќе оди
и во услови на криза повторно да ги застанувате процесите на развој мислам дека е контра продуктивно.“

Народната банка ја оправда одлуката за зголемување на каматите на благајничките записи со стабилноста на денарот. Потевска појаснува дека сето тоа придонело кон стагнација

„Автоматски тешко се добиваат кредити, се зголемува цената на производството. Со такви неконкурентни производи не знам каде Македонија ќе оди.“

Упатените на неколку наврати посочија дека во услови на криза е оправдано владата да компензира за намалената активност на граѓаните и приватниот сектор. Но со оглед на фактот дека кредитниот рејтинг на земјава е намален, се отвора прашањето за можно проблематизирање на пристапот на Македонија кон комерцијални кредити за стимулирање на економијата.
XS
SM
MD
LG