Достапни линкови

Училиштата и факултетите во Мексико од четврток повторно отворени


Средношколците и студентите во Мексико Сити од четврток повторно тргнуваат на училиште и на предавања по паузата од десетина денови поради епидемијата на новиот грип, соопшти синоќа мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон. Основните училишта ќе почнат со работа од наредниот понеделник, рече Калдерон. Училиштата и факултетите во мексиканската престолнина се затворени од 24-ти април, за да се спречи ширење на вирусот на грипот Х1Н1.
XS
SM
MD
LG