Достапни линкови

logo-print

Протестот на хрватските студенти влезе во третата недела


Хрватските студенти кои бараат бесплатно високо образование, протестираат веќе трета недела и најавуваат дека нема да отстапат се додека не им се исполнат барањата. Студенти од околу 20 факултети во осум градови и натаму штрајкуваат и покрај притисокот на универзитетските и државните власти. Студентите од Филозофскиот факултет во Загреб, каде што почна протестот, не ја испочитуваа одлуката на сенатот на Универзитетот во Загреб за продолжување на наставата. Студентите до сега собраа 41.000 потписи за поддршка на протестот.
XS
SM
MD
LG