Достапни линкови

Албанската полиција со засилена контролата по убиството на пратеникот Џидри


Албанското Министертво за внатрешни работи денеска ја засили контролата на граничните премини кон Македонија и Грција, поради можноста сторителите на убиство на опозицискиот пратеник Фатмир Џидри, да ја напуштат Албанија преку некои од најблиските гранични премини. Исто така, на сите национани патни правци засилена е полициската контрола. Властите во Албанија денеска понудија награда од 250 илјади евра за информација за убиството на пратеникот од опозиционата Социјалистичка партија, Фатмир Џидри.
XS
SM
MD
LG