Достапни линкови

logo-print

Во Мексико повторно ќе бидат отворени некои јавни објекти


Властите во Мексико денеска соопштија дека од среда повторно ќе бидат отворени рестораните и кафулињата, но некои јавни објекти и натаму ќе останат затворени. Претходно мексиканските здравствени преставници соопштија дека можноста од епидемија во земјата од вирусот на свински грип е во ,,фаза на опаѓање.“ Сепак Светската Здравствена Организација ги предупреди земјите да не го намалуваат степенот на заштита, бидејќи вирусот и натаму се шири. Според директорот на СЗО Маргарет Чен намалувањето на смртните случаи, незначи дека опасноста завршила. Таа сепак додаде дека засега СЗО непланира зголемување на тревогата на највисокиот шести степен, поради можна пандемија. Околку илјада лица во 20 земји во светот се заразени од вирусот на свински грип, а 26 лица починаа.
XS
SM
MD
LG