Достапни линкови

Крушево град без можност за перспектива


Macedonia - Prilep, 8Mar2009

Macedonia - Prilep, 8Mar2009

Над 2000 крушевчани на возраст до 39 години чекаат вработување и секој месец се пријавуваат во Агенцијата, но работа нема. Во градот во кој што живеат двојно повеќе жители се вработени само 800 граѓани, а повеќе од половината во јавниот сектор, што значи стопанството е целосно колабирано.
Невработените млади луѓе на сите можни начини се обидуваат да дојдат до некоја заработувачка, прифаќајќи да работат и за симболични 4000 денари месечно во кафулињата во градот.

„Преку лето работам во кафулето како ди џеј или шанкер, за тоа добиваме по 150 или 200 денари дневница, зависи газдата како е задоволен, но премногу е малку за вложениот труд. Секој сака да има поголема плата.“

Велат двајца 18-годишници кои инсистираат на анонимност,зашто не сакаат да имаат проблеми, а и ова лето ќе побараат работа во истите кафулиња, друг избор немаат. И младите девојки во Крушево се дел од „машините за пари„ на неколкуте газди.
Голем е бројот на млади кои што се невработени и за жал тие се и жртвите кои што ги трпат последиците од кризата, од транзицијата која што предолго трае


„Јас имам лично искуство, сум работела во кафуле и ако сакаме да се зголеми дневницата, тој како жртва се чувствува. Се злоупотребени посебно тие што немаат 18 години, а децата нормално сакаат да имаат пари за излегување, да не бараат од дома.“

Се чини инспекциските служби во ова мало гратче затаиле со своите контроли. Од регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп потврдуваат дека злоупотребата на младите во угостителството, трговијата и текстилот е честа појава:

„Голем е бројот на млади кои што се невработени и за жал тие се и жртвите кои што ги трпат последиците од кризата, од транзицијата која што предолго трае. Онаа категорија на млади кои се вработени пак имаат еден друг проблем. Најчесто се изложени на притисок, на Мобинг.“

вели Тони Јовески, претседателот на регионалната канцеларија на ССМ во Прилеп. Со цел да се едуцираат за начините како да ги заштитат своите работни права и да не дозволат ниту еден работодавец да печали и профитира врз нивниот грб, ССМ во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт„ спроведуваат проект со наслов: „Местото, улогата и позицијата на Синдикатот„.

„Да се обидиме на младите да им ги доближиме правата од работен однос и начинот на синдикално организирање. Младите покажуваат интерес, имаат и доста знаење. Преку своите родители дознаваат што се случува на работните места и сакаат да знаат повеќе. Даваат свои идеи, предлози кои што се многу интересни.“
Изјава

Вели Ирена Трајковска, координатор во Фондацијата.
Инаку во поширокиот регион што ги опфаќа општините Крушево, Македонски Брод и Прилеп се евидентирани околу 10.000 невработени на возраст до 30 години, што е за неколку пати повеќе во однос на бројот на работно ангажираните млади луѓе.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG