Достапни линкови

logo-print

Ирак го поддржува американското повлекување


Ирак соопшти дека рокот од 30-ти јуни за кога е предвиден почетокот на повлекувањето на американските трупи не би требало да биде продолжен и покрај загриженоста околу растечките насилства во земјата, изминативе недели. Портпаролот на владата Али ал Дабах додаде и дека Ирак се залага за комплетното повлекување на американските сили до крајот на 2011-та година. Серијата бомбашки напади предизвикаа загриженост околу подготвеноста на ирачките сили да ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата.
XS
SM
MD
LG