Достапни линкови

Средба меѓу шефовите на дипломатии на Израел и Италија


Односите меѓу Израел и Европската Унија мора да се зацрврстуваат и процесот не треба да се прекинува, бидејќи Европа има битна улога во блискоисточниот мировен процес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини по денешната средба во Рим со неговиот израелски колега Авигор Либерман. Тензиите меѓу Израел и Европската Унија започнаа откако еврокомесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер неодамна ја критикуваше новата израелска влада за нејзините ставови околу палестинското прашање.
XS
SM
MD
LG