Достапни линкови

logo-print

Иран бара од меѓународните групи да не се мешаат во случајот со Сабери


Иран ги повика меѓународните групи за човекови права да престанат да се мешаат во случајот со иранско-американската новинарка Роксана Сабери. Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека иранскиот правосуден систем е независен и секое мешање во некој процес, е спротивно на меѓународните правила. Членови на организацијата „Репортери без граници“ минатата недела во знак на поддршка на новинарката Сабери започнаа штрајк со глад. Тие соопштија и дека новинарката Сабери на еден ден била хоспитализирана во болница во Техеран, поради дво-неделниот штрајк со глад.
XS
SM
MD
LG