Достапни линкови

Најмалку 27 лица загинаа во денешните насилства во Авганистан


Најмалку 27 лица, поголем дел од нив цивили, загинале во денешните насилства во Авганистан, соопшти авганистанската полиција. При експлозија на бомба поставена на пат во провинцијата Забул загинале 12 цивили. Во истата провинција во напад извршен од талибанските бунтовници врз конвој на фирма за обезбедување, биле убиени осум луѓе, додека во самоубствен бомбашки напад во источната провинција Лагман загинале седум лица.
XS
SM
MD
LG