Достапни линкови

Вашингтон се врти кон Латинска Америка?


Претседателите на САД и на Венецуела Обама и Чавез на самитот во Тринидад

Претседателите на САД и на Венецуела Обама и Чавез на самитот во Тринидад

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон мора да се обиде да ги натера лидерите на Латинска Америка да му се спротивстават на зголеменото влијание на Кина и на Иран во тој регион.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон оцени дека политиката на администрацијата на Џорџ Буш за изолација на лидерите кои биле против Соединетите држави само им нанесе штета на американските интереси во Латинска Америка. За американскиот Клинтон вознемирувачки се пробивите на Иран и на Кина во Латинска Америка:
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон


,,Тие градат многу силни економски и политички врски со повеќе тамошни лидери. Тоа не е во наш интерес.,,

Изјави Хилари Клинтон деновиве во Стејт департментот, а во врска со посетите на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на Бразил и на Венецуела во текот на оваа недела. Од друга страна, во последно време зачестија најавите од Москва дека би можело да побара краткорочно користење на базите на Куба и во Венецуела. Според Клинтон, светот е мултиполарен каде што Соединетите држави се натпреваруваат со земјите како Русија, Кина, Иран.

,,Во денешниот свет кој е мултиполарен и каде што се натпреваруваме со русите, кинезите, иранците, не мислам дека од наш интерес е да им го свртиме грбот на земјите во нашата сопствена хемисфера. Затоа ќе пробаме поинаков пристап.,,
Се соочуваме со скоро обединет фронт против Соединетите држави во однос на Куба. Секоја земја, дури и оние со кои сме блиски ни велат дека треба да се смениме.

Изјави Клинтон која додаде дека Вашингтон ги испитува начините како да се справи со лидерите на Венецуела, Никарагва, Еквадор и Боливија: Хуго Чавез, Даниел Нориега, Рафаел Кореа и Ево Моралес.

,,Ако погледнеме околу светот ќе видиме дека голем број земји и лидери, Чавез е еден од нив, но не и единствен, кои во изминативе осум години станаа се понегативни спрема Соединетите држави.,,

Клинтон додаде дека Соедиентите држави и Венецуела се обидуваат да ги обноват односите откако во минатата година ги протераа амбасадорите. Таа исто така потврди дека Соединетите држави се единствените во регионот во врска со политиката спрема Куба.

,,Се соочуваме со скоро обединет фронт против Соединетите држави во однос на Куба.Секоја земја, дури и оние со кои сме блиски ни велат дека треба да се смениме. Би сакале да видиме повеќе реципроцитет од Кастро особено околу почитувањето на човековите права.,,

Изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон, објаснувајќи ја намерата на сегашната американска администрација на претседателот Барак Обама за подобрување на односите со Латинска Америка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG