Достапни линкови

Под мотото „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија, новинарите од Македонија протестираат против лошата сосотојба на македонското новинарство, против пресудите, протисоците, политичките влијанија и за платите. Вчера на 3 мај, на Светскиот ден на слободата на печатот, повеќето медиуми се приклучија кон меѓународната акција „ Пет минути громогласна
Новинарите имаат големи задачи да се изборат себе си во економска, професионална смисла. Најмногу треба да посветат внимание на професионалните стандарди во работењето, така што ќе се знае кои новинари имаат висок професионален статус
тишина„.И новинарите но и граѓаните и дел од експертите се согласуваат дека слободата на медиумите во последните години назадува.
Граѓаните сметаат дека сеуште има новинари кои професионално си ја избршуваат работата.

„Разочаран сум.“
„Некои се, некои не се.“

За професорот по комуникации, Живко Андревски, слободата на новинарите е релативно ограничена, а тоа го потврдуваат и меѓународните мерења. Професорот Андревски вели дека медиумите се одраз на случувањата во општеството.

„Новинарите имаат големи задачи да се изборат себе си во економска, професионална смисла. Најмногу треба да посветат внимание на професионалните стандарди во работењето, така што ќе се знае кои новинари имаат висок професионален статус.“

Комуникологот Петар Арсовски вели дека изненадува тоа што слободата на медиумите назадува не само во Македонија туку и во светот. Медиумите се притиснати од сопственичката структура и не можат да бидат толку слободни колку што заслужуваат

„Мислам дека медиумите ако успеавме во почеток да ги ослободиме како независен центар на моќ ослободен од политички притисок, мислам дека сега повеќе се под економски притисок и притисок од соптвеничката структура.“

Светскиот ден на слободата на медиумите востановен е во 1993 година од страна на Генералното собрание на ОН. На овој ден Светската организација прави пресек на состојбата со новинарството на глобално ниво, се говори за кршење на правото на слобода на изразување, се потсетува дека новинарите секојдневно ги жртвуваат своите животи или се соочуват со затворски казни во напорите да обезбедат информации.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG