Достапни линкови

Не е се готово, предупредува Светската здравствена организација


Светската здравствена организација ги предупреди земјите да не го намалуваат степенот на заштита од свинскиот грип. Претходно министерот за здравство на Мексико Хозе Ангел Кордова изјави дека епидемијата била во фаза на опаѓање и затоа би можело да се повлечат некои мерки за спречување на ширењето на грипот. Во меѓувреме, во светот новиот вирус и натаму се шири, а прв случај бил забележан и во Јужна Америка. Според Светската здравствена организација, опаѓањето на смртноста не значи и дека најлошото минало. Се страхува дека вирусот би можело повторно да се појави во текот на годинава. Досега се евидентирани скоро деветстотини заразени во осумнаесет земји во светот.
XS
SM
MD
LG