Достапни линкови

Потрага по убијците на опозициониот албански пратеник


Албанската полиција понуди награда од двесте и пеесет илјади евра за информација околу убиството на пратеникот на опозициската социјалистичка партија, Фатмир Џидри. Тој беше убиен во саботата пред неговата куќа во градот Росковец, на стотина километри југозападно од Тирана. И покрај интензивната истрага се уште не се познати ниту сторителите, ниту нивните мотиви. Убиството ја вознемири албанската јавност, и, според медиумите, може да предивика дополнителни политички тензии пред престојните парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG