Достапни линкови

Американскиот секретар за одбрана Гејтс во Саудиска Арабија и Египет


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека сака да ги убеди лидерите на Саудиска Арабија и на Египет дека американскиот дипломатски пристап спрема Иран нема да ги доведе во опасност врските со овие арапски земји. Говорејќи пред новинарите во неговиот авион на пат кон Каиро и Ријад, Гејтс рече дека постоела загриженост во регионот поради американските напори околу Техеран. Претседателот Барак Обама изрази подготвеност да отвори дипломатски канали со Иран за да ги намали тензиите околу иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG