Достапни линкови

Зголемено набљудување на луѓето и животните поради грипот


Светската здравствена организација повика на зголемено набљудување на луѓето како и на животните, откако од вирусот на свинскиот грип беа зафатени и свињи во Канада. Одговорниот за безбедност на храната при оваа организација, Питер Бен Ембарек, рече дека не постои препорака за колење на свињите каде и да е во светот како резултат на вирусот. Повеќе од 800 лица до сега се инфицирани од овој вирус од кој 19 починаа во Мексико, а едно лице во САД. Министерот за здравство на Мексико рече дека епидемијата во оваа земја е во опаѓање.
XS
SM
MD
LG