Достапни линкови

ЗНМ утре повикува на новинарски протест


Денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите. Во Македонија, Светскиот ден на слободата на печатот, беше одбележан со приклучување кон меѓународната акција ,,Пет минути громогласна тишина“, односно пет минутен симболичен прекин на програмата, а за утре Здружението на новинари на Македонија најави оддржување на протест поради лошата состојба во која се наоѓа македонското новинарство. Во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун укажа на улогата на медиумите во решавањето на глобалните проблеми, но и за неопходноста од заштита на новинарите при вршењето на должноста.
XS
SM
MD
LG