Достапни линкови

logo-print

СЗО- 787 потврдени случаи на свински грип во светот


Светската здравствена организација соопшти дека бројот на потврдени случаи од вирусот на свински грип во светот изнесува 787. Потврдени се 20 смртни случаи, од кои 19 во Мексико и еден во Соединетите држави. Најпогодена земја со над 450 случаи е Мексико, иако како што соопштија здравствените власти во оваа земја, бројот на смртни случаи од свинскиот грип во земјата е во опаѓање. Во Соединетите Држави пак се регистрирани повеќе од 150 лица кај кои е потврден вирусот на свински грип. Во Европа, најпогодена земја е Шпанија, каде што досега има 40 потврдени случаи од вирусот на свински грип, но само шест лица се задржани на болничко лекување, соопштија шпанските здравствени власти. СЗО соопшти дека треба да се зголеми надзорот врз луѓето и животните, откако прв случај на зараза со новиот тип на вирус А/Х1Н1 се појави меѓу свињи на една фарма во Канада.
XS
SM
MD
LG