Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и фармери во Каиро


Во главниот египетски град Каиро дошло до судири меѓу полицијата и фармери, кои се обидуваат да го зачуваат својот добиток од масовно колење. Имено во Египет, по појавата на вирусот на свински грип властите заклаа околу 250 илјади свињи. Околу 400-тини фармери кои одгледуваат свињи, денеска се судриле со полицијата, обидувајќи се да ја спречат да им го одземе добитокот. Во Египет засега нема потврдено случај од новиот вирус.
XS
SM
MD
LG