Достапни линкови

Мотаки – Фер судење за новинарката Сабери


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки, изјави дека американско-иранската новинарка Роксана Сабери, осудена на осум годишна казна затвор во Иран поради шпионирање во корист на Соединетите Држави, ќе се соочи со фер судски процес пред повисоките судски инстанци. Мотаки ваквото уверување го изрази пред јапонскиот министер за надворешни работи Хирофуми Накасоне, кој вчера беше во посета на Иран.
XS
SM
MD
LG