Достапни линкови

Во Македонија одбележан Светскиот ден на слободата на медиумите


Денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите. Во Македонија, Светскиот ден на слободата на печатот беше одбележан со придружување кон меѓународната акција ,,Пет минути громогласна тишина“, односно пет минутен симболичен прекин на програмата. Поради лошата состојба на македонското новинарство, за утре е најавен протест под мотото „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија.“ Како што информираат од Здружението на новинари на Македонија, над 160 кривични пријави се поднесени против новинари во последните две години, а притисоците освен од судската власт, доаѓаат и од бизнис како и политичката елита во земјата.
XS
SM
MD
LG