Достапни линкови

Во ЕУ 49 потврдени случаи на вирусот на свински грип


Бројот на потврдени случаи од вирусот на свински грип во Европската Унија изнесува 49, изјавија официјални европски здравствени преставници. Центарот на ЕУ за контрола на заразните болести со седиште во Стокхолм, соопшти дека вкупно десет нови случаи се потврдени во Германија, Шпанија, Ирска и Италија, а се вршат тестирања на девет лица во Британија и Португалија. Во светот според најновите податоци има вкупно 780 потврдени случаи од вирусот на свински грип, од кои најповеќе речиси над 450 во Мексико, каде што всушност и се појави вирусот.
XS
SM
MD
LG