Достапни линкови

logo-print

Осудена операцијата на иранската авијација против курдски сепаратисти


Регионалните власти на ирачките курди ја осудија воздушната акција на иранската авијација против курдски сепаратисти изведена на територијата на Ирак. Вчера ирански хеликоптери бомбардираа три курдски села, што е прв преку-граничен напад на авијацијата на Иран против курдските бунтовници. Цел на акцијата биле сепаратисти од Партијата за слободен живот во Курдистан, кои често изведуваат напади во Иран од бази во планинските делови на Северен Ирак.
XS
SM
MD
LG