Достапни линкови

logo-print

Седум лица загинаа при експлозија на гас во зграда во Иркутск


Најмалку седум лица загинаа, а повеќемина се повредени при експлозија на гас што предизвикало и пожар во една станбена зграда во рускиот источен сибирски град Иркутск, јави агенцијата РИА- Новости. Како што изјавиле преставници од локалната канцеларијата за вонредни ситуации, дел од двокатната зграда се урнала поради силината на експлозијата и пожарот.
XS
SM
MD
LG