Достапни линкови

Во Мексико 19 починати и 454 потврдени случаи од вирусот на свински грип


Министерот за здравство на Мексико Хозе Кордова, соопшти дека бројот на потврдени случаи од вирусот на свински грип достигнал до 473, вклучувајќи 19 веќе починати лица и 454 заразени. Претходно, мексиканските здравствени власти соопштија дека епидемијата влегува во фаза на стабилизација, но предупредија дека сепак тешките моменти сеуште не се надминати. Во меѓувреме властите во оваа земја, препорачаа да не се патува во Кина, поради здравствените мерки што се преземаат во оваа земја против мексиканските граѓани поради епидемијата од потенцијално смртоносниот грип. Имено, кинеските власти изолирале околу 40 мексиканци во различни делови во земјата, и покрај тоа што немале симптоми на вирусот на свински грип.
XS
SM
MD
LG