Достапни линкови

Денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите


Денеска медиумите ширум светот го оддбележуваат Светскиот ден на слободата на печатот, потсетувајќи се и оддавајќи им признание на новинарите убиени или притворeни вршејќи ја својата должност. Меѓународните невладини организации на денешниот ден потсетуваат дека од почетокот на годинава во светот се убиени 22-ца новинари, додека во 2008-та биле убиени 70 новинари, а 125 се наоѓаат во затвор. Здружението на новинарите на Македонија по повод Светскиот ден на слободата на печатот, денеска традиционално ќе се придружи на меѓународната акција „Пет минути громогласна тишина!“, односно симболичен прекин на работата од страна на медиумите во пет минути до 12 часот, додека за утре се организира и масовен протест, поради лошата состојба на македонското новинарство. Во деновиве објавениот извештај на невладината организација Фридом Хаус за состојбата со слободата на медиумите, во кој се опфатени 195 земји, Македонија е рангирана на 98-то место, како делумно слободна земја.
XS
SM
MD
LG