Достапни линкови

Акција на израелската авијација во градот Рафа



Израелската авијација денеска втор ден по ред, бомбардираше тунели кои се користеле за криумчарење на оружје од страна на милитантите, на границата меѓу Појасот Газа и Египет. До акцијата доаѓа откако претходно милитантите извршиле ракетни напади врз израелска територија. Израелската армија потврди дека извршила воздушни напади во близина на градот Рафа, долж границата со Египет, но не даде повеќе детали. Нема информации ниту за евентуални жртви.
XS
SM
MD
LG