Достапни линкови

16 бунтовници убиени во судири со пакистанските трупи


Во судири кои започнале откако талибанските милитанти нападнале безбедносен пункт на пакистанските сили, биле убиени 16 бунтовници, а загинале и двајца пакистански војници. Нападот се сличил во немирниот пакистански регион Мохманд, во близина на границата со Авганистан. Инаку, изминативе денови пакистанските сили изведуваат голема операција во северозападните делови од Пакистан против талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG