Достапни линкови

СЗО - Според најновите податоци 615 лица се заболени од свински грип


Светската здравствена организација соопшти најнови податоци според кој вирусот на свински грип е потврден кај 615 луѓе, во 15 земји во светот. И натаму најпогодена е Мексико, каде се потврдени над 390 случаи, а потоа се Соединетите Држави со 141 случај на свински грип. Денеска во Италија е потврден прв случај од вирусот на свински грип, кај пациент кој неодамна допатувал од Мексико.
XS
SM
MD
LG