Достапни линкови

Бан Ки Мун - шокантно висок бројот на напади врз новинари


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека бројот на напади врз новинари во светот и натаму е шокантно висок. Тој ги повика владите кои држат новинари во затвор, да ги почитуваат нивните права и да им овозможат одбрана, како и да си ја вршат работата без притисоци и тортури. Според Бан Ки Мун, од 125 новинари за кои се знае дека се во затвор, половината се во Кина, Куба и Еритреја.
XS
SM
MD
LG