Достапни линкови

Штрајк со глад за ослободување на новинарката Сабери од затвор во Иран


Професори, сегашни и поранешни студенти на американскиот колеџ, каде што студираше новинарката Роксана Сабери, која е во затвор во Иран, организираат штрајк со глад, со цел да издејствуваат нејзино ослободување. Сабери, по еднодневно судење, зад затворена врата во Техеран, беше осудена на 8 години затвор за шпионирање за Соединетите Држави. Стејт Департментот обвинувањата ги оцени како безсмислени и побара нејзино ослободување. Инаку, Роксана Сабери, чиј татко е иранец, исто така штрајкува со глад во затворот во Техеран.
XS
SM
MD
LG