Достапни линкови

Новиот грип можеби не е толку опасен како што се претпоставуваше


Македонија ќе набави 100 илјади кутивчиња од лекот Тамифлу во случај новиот грип да се појави во земјата, е решено на синоќешниот состанок на Националниот Комитет за пандемски грип, со кој претседаваше премиерот Никола Груевски. Тој изјави дека ќе бидат набавени и три термо камери, за скопскиот аеродром и за два гранични премини. Од буџетот ќе бидат одвоени онолку средства, колку што ќе бидат потребни, додаде Груевски. Инаку, во Македонија засега нема пријави за случаи на новиот грип, а под здравствен надзор биле ставени 650 лица, кои влегле во Македонија.

Прогнозите во врска со грипот сега пооптимистички

Мексико соопшти дека од новиот грип се починати помалку луѓе, отколку што претходно мислеа лекарите. Според владините информации од новите лабораториски истражувања, од грипот умреле 101-но лице, а не 176, како што се претпоставуваше. Во меѓувреме и експерти од американската влада соопштија дека прелиминарните анализи покажуваат дека заканата од глобална пандемија е помала од првичните предвидувања. Сепак, се препорачуваат натамошни подготовки за можна пандемија, бидејки не е јасно како ќе се развива вирусот.

Светската здравствена организација најави дека за многу кратко време ќе биде достапна ефикасна вакцина против вирусот на новиот грип, кој е потврден кај 365 луѓе во 13 држави. Вирусот се појави во Мексико и е мешавина меѓу свински, птичји и човечки вирус на грип.

Нема причини за запирање на трговијата со свинско месо

Соединетите Држави побараа од Кина и од Русија да ги прекинат рестрикциите за увоз на американско свинско месо, бидејки е утврдено дека новиот вирус не се пренесува преку месото. Во пораката од Вашингтон се вели дека меѓусебната трговија не треба да се ограничува без причини. Над 10 земји забранија увоз на свонско месо од Соединетите Држави поради појавата на свински грип.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG