Достапни линкови

Фридом хаус: Македонија со делумно слободен печат


Македонија со оценката делумно слободна се најде на деведесет и осмото место во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на печатот во светот. Во извештајот се додава дека во земјите од Централна и Источна Европа нема поголеми промени од она што било забележано во изминатите години. Посебно се потенцираат разликите во степенот на слободата на печатот во новите членки на Европската унија, во земјите на Балканот и во оние од поранешниот Советски сојуз. Балканските држави, како Босна и Херцеговина, Бугарија и Хрватска покажуваат негативен тренд поради интензивирње на физичките закани врз новинарите.
XS
SM
MD
LG