Достапни линкови

Оли Рен: спорот со името да се реши, Унијата не сака да увезува проблеми


Европскиот комесар за проширување Оли Рен денеска во Прага, на собирот по повод пет годишнината од проширувањето на Европската Унија изјави дека Македонија треба да почека до крајот на годинава на препораката за почеток на присaтпните разговорi. Европски комесар порача дека спорot са Грција околу името Македонијa представува проблем. а Европската Унија како што беше речено на денешната конференцијa во Прага не сака да увезува билатерални проблеми од идните земји членки. Важно е да се работи врз решение на проблемот со името кој трае чела вечност и сметам дека со посредство на Обединетите Нации тоа може да биде решено, изјави Оли Рен. Евро комесарот за проширување Оли Рен ги повика денеска во Прага земјите од Западен Балкан да ја засилат борбата против корупцијата. Рен и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг изјавија дека Брисел е максимало готов да им помогне во таа борба. Од регионот се бара да формира Агенција за борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG