Достапни линкови

Во Косовска Митровица и денеска протести на србите


Србите од наслебата Брѓани во Косовска Митровица, кои веќе една недела протестираат поради обновата на пет куќи сопственост на Албанци во нивното соседство, денеска го пробиле кордонот на Косовската полициска служба и се доближија на стотина метри од таканаречената жолта линија, која ја дели населбата на српски и на албански дел. Натамошното пробивање на демонстрантите беше запрено од припадниците на полицијата на ЕУЛЕКС, кои и денеска употребија солзавец за разбивање на протестите. На ридовите околу Брѓани се распореди и војници на КФОР, кои внимателно го следат развојот на настаните. Србите до Брѓани ја условуваат обновата на куќите на Албанците со реципроцитет во враќање на раселените лица.
XS
SM
MD
LG