Достапни линкови

Македонија без првомајски протест


Протести на ССМ
Протести на ССМ

На празникот на трудот низ светот се организираат работнички протести. Кај нас, синдикатите го откажаа првомајскиот протест поради светската криза. Според синдикатите 800 илјади лица во Македонија се без никакви или со минимални примања

На денот на трудот Први мај, скопските улици се празни. Сојузот на синдикатите одлучи да го откаже овогодинешниот првомајски протест. Официјалната причина е светската криза. Оттука се поставува прашањето како да се заштитат работничките права во услови на криза. Драган Јовановски од Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека најсигурна гаранција за работничките права во овие услови е земање пример од европските земји.

„Така што мора да се создаде еден фонд во кој ќе партиципираат сите правни субјекти во Македонија, сите претпријатија, а таа бројка не е мала. Кај нас има над 62 илјади претпријатија, така што од тој фонд ќе може да се интервенира во каква било кризна ситуација, кога се отпуштаат поголем број работници, да тие едноставно бидат исплатувани од тој фонд.“

Јовановски додава дека за стабилизирање на економијата и обезбедување на посигурни работни места во услови на криза, потребни се инвестиции

„И во оваа криза секој сака од надвор од Западот да ни продаде нешто, а многу помалку да купи.“

Се чини дека вработените во јавната администрација за сега се најбезбедни. Според претседателот на Синдикатот за образование наука и култура Дојчин Цветановски, платите на вработените во дејностите кои ги застапува оваа организација не биле „потфатени“ од
Ми беше кажано дека тоа што е потпишано со нас после штрајкот што го имавме минатата година, дека ќе се реализира. Од тој аспект јас немам причина зошто да реагирам, бидејќи тоа што го потпишавме ќе се реализира и во финансискиот дел
последните буџетски кастрења.

„Ми беше кажано дека тоа што е потпишано со нас после штрајкот што го имавме минатата година, дека ќе се реализира. Од тој аспект јас немам причина зошто да реагирам, бидејќи тоа што го потпишавме ќе се реализира и во финансискиот дел.“

Цветановски додава дека образовните и културните работници кги очекува зголемување на платите, како што било договорено по последниот протест на СОНК.

,,Со јунската плата, ќе треба платата да се зголеми за 900-тини денари.“

Од друга страна, според податоците на Сојузот на синдикати, околу 800,000 лица во земјава се со ниски или никакви приходи. Светската криза најсилно го погоди приватниот сектор, посебно вработените во индустријата. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на бројот на вработените во индустријата за повеќе од десет отсто во споредба со минатата година.
XS
SM
MD
LG