Достапни линкови

Петгодишнина од најголемото проширување на Европската унијата


Пет години по големата експлозија што ја направи Европската унија длабоко зад поранешната Железна Завеса, исцрпеноста од проширувањето, зголемена од економската криза, го зафати целиот блок.

На први мај две илјади и четвртата година европските лидери го прославуваа пристигнувањето на десет нови земји, повеќето од поранешниот Источен блок кои поминаа повеќе од четири децении под комунистичко владеење. Три години потоа на Унијата и се приклучија Романија и Бугарија со што бројот на нејзините членки достигна дваесет и седум. Институционалните пречки и поделбите околу тоа дали на муслиманската Турција би требало да и се дозволи влез дополнително го намалија ентузијазмот за Европа, како и желбата за приклучување на балканските држави. Економската криза ги влоши работите, бидејќи луѓето страхуваат за нивната работа и на проширувањето гледаат како на доаѓање на евтина работна сила, а тоа е последното нешто што го сакаат,, вели Катинка Берич од Центарот за европски реформи во Лондон. Исто така е нарушена и довербата во Унијата откако не успеа да го прифати новиот договор за начинот на носење одлуки во блокот. Планираниот устав пред три години беше отфрлен на референдумите во Франција и Холандија, а ревидиран и под името Лисабонски договор се уште не може да ја добие ратификацијата во сите земји членки. Еврокомесарот за проширување Оли Рен е убеден дека процесот ќе продолжи.

,,Верувам дека државите членки на Европската унија ќе се занимава со ова прашање според обновениот консензус за проширувањето постигнат пред три години.,,
Како што земјите напредуваат во евроатлантските интеграции така се појавуваат билатералните спорови меѓу соседите: Турција и Кипар околу царината, Словенија и Хрватска околу границата, Грција и Македонија околу името.


Сепак, повиците за запирање на проширувањето постојано растат. Во Германија, демохристијаните на канцеларот Ангела Меркел во нивниот манифест за изборите за евро парламентот бараат фаза на консолидација со цел Унијата да се подготви за прием на нови членки. Исклучок е Хрватска. Од друга страна, Германија и Франција и натаму се противат на кандидатурата на Турција.

,,Ако Германија го блокира овој процес, тоа во регионот нема да биде сфатено како јакнење на строгите правила, туку како ефикасно саботирање на приемот на приемот на нови членки.,,

Вели Џералд Кнаус од Иницијативата за Европска стабилност со седиште во Берлин. Можноста да се стане член на европскиот клуб на богати беше добра сила за реформите на Балканот, а секоја нова членка од таму ја зацврстува безбедноста во регионот. Исто е и со Турција која, преку НАТО, игра важна улога за стабилноста на Блискиот Исток. Но, како што земјите напредуваат во евроатлантските интеграции така се појавуваат билатералните спорови меѓу соседите. Турција и Кипар околу царината, Словенија и Хрватска околу границата, Грција и Македонија околу името. ,,Ваквите билатерални прашања ќе го попречуваа проширувањето и да не постоеше општото несогласување со тој процес,, наведуваат експертите. Сепак, според мислењето на еврокомесарот Рен, проширувањето служи како сидро на стабилноста и демократијата и како двигател на индивидуалните слободи и на економската динамика во Европа. Затоа, како што оценуваат некои аналитичари, економската криза е само лош временски период за проширувањето.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG