Достапни линкови

Македонија соработува со САД во борбата против тероризмот


Владата на Македонија ја продолжува блиската соработка со Соединетите држави во борбата против териризмот, се наведува во извештајот на Стејт департментот за справувањето се тероризмот во светот. Во врска со Македонија се прецизира дека соработката подразбирала размена на разузнавачки податоци за дејствувањето или транзитирањето на потенцијалните терористички групи во земјата. Македонија обезбеди и адекватна сигурност за оружјето што најчесто би можело да го користат терористите и има усвоено повеќе закони, меѓу кои и за за нуклеарна безбедност, се наведува во извештајот во кој се додава дека Македонија продолжува да учествува во воените мисии во Авганистан и Ирак.
XS
SM
MD
LG