Достапни линкови

Нови мерки во Мексико за да се спречи ширењето на грипот


Мексико, земјата која најмногу е погодена од новиот смртоносен грип затвори повеќе делови од стопанството за да го спречи ширењето на вирусот. Во наредниве пет денови ќе бидат затворени и рестораните и театрите. Мексиканските власти соопштија дека повеќе од сто и шеесет лица починале од новиот грип кој веќе се прошири во дванаесет земји во светот. Светската здравствена организација прогласи претпоследна фаза пред објавувањето пандемија од грипот.
XS
SM
MD
LG