Достапни линкови

Западот загрижен од руската гранична контрола во Грузија


Соединетите држави, НАТО и Европската унија изразија сериозна загриженост од граничните договори што грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија ги потпишаа со Русија. Со овие договори Русија и официјално ја презема одговорноста за одбраната на нивните граници. Тоа, според западните земји, е кршење на примирјето кое на дванаесетти август лани, со посредство на Европската унија, го потпишаа Русија и Грузија. До потпишувањето на овие договори дојде на само една недела од планираните воени маневри на НАТО во Грузија и по протерувањето на двајца руски дипломати од мисијата во Брисел под сомневање дека биле шпиони.
XS
SM
MD
LG