Достапни линкови

logo-print

Тачи – И покрај противењето ќе го реализираме враќањето на раселените


Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека нема да дозволи да биде спречено обновувањето на албанските куќи во населбата Брѓани, во северна Косовска Митровица, што е дел од процесот за враќање на раселените лица. Тачи изјави и дека правото на враќање е загарантирано за сите, без разлика на етничката припадност. Деновиве српското население од северниот дел на Косовска Митровица, оддржува протести поради обновувањето на албански куќи во тој дел од градот.
XS
SM
MD
LG