Достапни линкови

Две лица повредени во престрелка на Бит Пазар


Две лица се повредени во оружен инцидент што денеска попладне се случил на Бит Пазар, во Скопје, јави агенцијата МИА. Според првични информации во престрелката биле ранети двајца браќа кои пристигнале на местото на настанот, за да се најдат на договорена средба со членови на друго семејство со цел да расчистат претходни меѓусебни несогласувања. Како што пренесува МИА, повредените биле пренесени во Градската општа болница, а од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот.
XS
SM
MD
LG