Достапни линкови

logo-print

Напад врз холанското Кралско семејство


Четири лица загинале, а 13 се повредени, од кои петмина сериозно, во инцидент кој се случи за време на денешната посета на холандското кралско семејство на градот Апелдорн, во рамки на прославата на националниот празник – Денот на кралицата. Aвтомобил влетал меѓу толпата луѓе, насобрани поради прославата, а потоа удрил во споменик кој се наоѓал во близина на отворениот автобус во кој биле кралицата Беатрис и нејзиното семејство, но никој од нив не е повреден. Од канцеларијата на главниот обвинител на Холандија соопштија дека возачот е осомничен за ,,напад врз кралското семејство“. 38-годишниот возач на автомобилот е уапсен, а бидејќи бил повреден е пренесен во болница.
XS
SM
MD
LG