Достапни линкови

НАТО со критики за договорот на Русија со Абхазија и Јужна Осетија


НАТО соопшти дека договорот на Русија со отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија е во спротивност на мировниот договор со Грузија чиј посредник беше Европската Унија. Денеска Русија потпиша договор со Јужна Осетија и Абхазија според кој Москва ја превзема одговорноста за одбрана на нивните граници од Грузија. Договорот беше потпишан на церемонија во Кремљ, меѓу рускиот претседател Димитриј Медведев и лидерите од двете отцепени грузиски области.
XS
SM
MD
LG