Достапни линкови

Медведев ја оцени НАТО вежбата во Грузија како ,,провокација“


Рускиот претседател Дмитриј Медведев оцени дека воената вежба на НАТО што во мај ќе се оддржи во Грузија претставува ,,навредлива провокација“. Иако НАТО сака да не убеди во спротивното, вежбите претставуваат провокација и не треба да се оддржуваат таму каде што имаше војна, рече Медведев. На руското спротивставување, од Алијансата велат дека воената вежба била планирана пред една година и оти Москва била известена.
XS
SM
MD
LG