Достапни линкови

Македонија подготвена за разумен компромис со Грција


Средба на министерот Милошоски со Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО
Средба на министерот Милошоски со Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО

Во Скопје денеска престојува помошникот на генералниот секретар на НАТО за безбедносна соработка Роберт Симонс. По средбата со шефот на дипломатијата Милошоски тој истакна дека Алијансата останува посветена за членство на Македонија во НАТО

Македонија е подготвена да го продолжи дијалогот со Грција под покровителство на ООН за да се надмине спорот за името, изјави по средбата со гостиниот од Алијансата, Роберт Симонс македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошо
Македонија има желба и подготвеност да се постигне разумен компромис со Република Грција, а се со цел да се надмине овој ирационален спор и да може регионот заеднички да се движи кон поголема соработка и стабилност
ски.

„Македонија има желба и подготвеност да се постигне разумен компромис со Република Грција, а се со цел да се надмине овој ирационален спор и да може регионот заеднички да се движи кон поголема соработка и стабилност.“

рече Милошоски потенцирајќи дека од од македонска страна веднаш по завршувањето на изборите е испратен сигнал дека медијаторот Метју Нимиц е добредојден во Македонија:

„Во однос на можната посета на господинот Нимиц, ние упативме сигнал дека сме подготвени за таква посета, и претпоставувам дека таа ќе се случи во моментот кога господинот Нимиц ќе добие исто еден таков позитивен сигнал и од Атина, но тоа зависи од нив,“

додаде Милошоски.

Позицијата на НАТО останува иста и таа е потврдена и на последниот самит на Алијансата-Македонија е квалификувана за членство во Алијансата и тоа ќе се ефектуира штом ќе се реши прашањето за името, денеска во Скопје уште еднаш го повтори ставот зам
Алијансата останува посветена на членството на Македонија во НАТО. Посетата на генералниот секретар на НАТО е израз на неговата лична заложба Македонија да стане видлив партнер и се надеваме член на НАТО
еник помошникот на генералниот секретар на НАТО за безбедносна соработка. Потврдената посета на генералниот секретар на Алијансата на 8 мај се гледа као израз на непроменетиот став на НАТО Македонија да стане членка.

„Алијансата останува посветена на членството на Македонија во НАТО. Посетата на генералниот секретар на НАТО е израз на неговата лична заложба Македонија да стане видлив партнер и се надеваме член на НАТО,“

изјави Симонс

Значаен елемент на квалификуваноста на макеоднија за членство останува нејзиното учество во меѓународните мисии. Милошоски искаѓа подготвеност македонија ако е потребно да го зголеми учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан како и да даде придонес во како што реше понатамошносот стабилизирање и напредок во регионални рамки.
XS
SM
MD
LG